вклучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вклучува) Влезе во состав на нешто, како дел од нешто се придружи.
Примери:
Се вклучивме во акцијата.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вклучува) Почнува да соработува.
Албански:
angazhohet, përfshihet, kyçet
Примери:
Се вклучува во работата на групата.
влечат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се влече) Е во љубовна врска со некого, подолго време.
Примери:
Се влече со неа три години.
вмешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да се вклучи во нешто, во некое дејство, чин, настан.
Примери:
Претседателот беше вмешал поголем број влијателни граѓани во својата предизборна игра.
вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Вклучи, вмеша некого во нешто.
Примери:
Во друштвото го вовлекоа двајца негови пријатели.
вплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеша во нешто.
Примери:
Сите ги вплетка во своите махинации.
(се вплетка) Се замеша во нешто.
Примери:
Милиционерот се вплеткуваше во расправијата меѓу приведените во станицата.
(се) впуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Навлезе во некаков чин, во вршењето на некое дејство.
Примери:
Tој не сакаше да се впушти во разговор.
Вид збор: Глагол, свршен
(се дозамеша) Се смеша, се вклучи уште некој во нешто.
Примери:
Се дозамеша и бабата и стана голема караница.
забркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеша, заплетка некого или нешто.
Примери:
И него го забркаа во нивната нечесна игра.
Вид збор: Глагол, свршен
Вклучи некого во некој непријатен настан, чин, случка и сл.
Примери:
Секретарката го замеша и директорот во нејзините сплетки.
заплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вовлече некого во некоја мешаница, во некоја збркана работа.
Примери:
Сите до еден ги заплетка во аферата.
инволвираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вклучува или споделува искуства, последици.
Примери:
Не се чувствувам инволвиран.
Вклучува или со своите дејствија има влијание.
Примери:
Сакаше да го инволвира во невозможна мисија.
Замеша некого во обвинение, кривично дело, итн.
Примери:
Беше инволвиран во злосторството.
мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се меша) Се вклучува во нешто.
Албански:
përzihet, involvohet
Примери:
Секаде се меша.
повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе по себе, привлече некого.
Примери:
Сега со себе ќе повлече и други.
примешаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се примеша) Се вклучи во нешто.
Примери:
Тој се примеша во караницата.
смешаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се смеша) се замеша
Примери:
Во караницата се смешал и богатиот.